Категории

Кога свадбениот букет ќе се замени со мали кутриња, тоа би изгледало вака

Секоја невеста со себе носи букет или бидермаер на денот на свадбата. Но, доколку не сакате традиционална свадба или премногу традиционални елементи во истата, секогаш може да ја изразите својата креативност и да одберете некоја друга алтернатива.

Беки и Џон се млад брачен пар, кој уште во подготоката на својата свадба посвоиле 5 кутриња. Со цел да набават некои работи за нивниот меден месец, морале да отпатуваат, а бидејќи кучињата не можеле да седат дома сами, ги понеле со себе.

Толку многу ги засакале, што решиле да ги вклучат и на нивната свадба. Со цел свадбата да биде малку поинаква, свадбениот букет  Беки го заменила со 5 мали слатки кутриња. Како изгледало тоа, погледнете ги фотографиите.