Категории

Кога жена ќе одлучи – Само едно ми е криво, што не заминав порано..

А за едно ми е најмногу жал, што порано не сфатив дека смеам да ти кажам „Не!“ и смеам да заминам од тебе. 

Сакам да се ослободам од минатото, сакам да се ослободам од стравовите, сакам да си простам за сите направени грешки иако не биле мои. Сакам да ме разберат кога ќе им кажам дека не можам да им се предадам целосно. Сакам да признаам дека не сум силна и дека ме боли. И дека тоа е всушност, во ред..

Сакам да се движам напред без да ме влечат железни синџири од минатото оковани околу моето срце, мојот разум.
Најмалце што можам да кажам е дека..

Жал ми е што толку се трудев.
Жал ми е што ти дозволив толку многу нешта.
Жал ми е што ти простив првиот пат.
Жал ми е што ми ти ми прости.
Жал ми е што останав толку долго.
Жал ми е што порано не увидов.
Жал ми е што остана толку од мене во таа врска што со месеци не можев да се освестам.

Толку долго ја трпев твојата фрустрација која беше фрлена на мене, сега кога конечно се ослободив од тебе, не знам како да го препознаам вистинскиот пат од сопствената фрустрација, затоа што ти гледаше нешта кои ги немаше, па сега не знам како да им верувам на другите. Помина толку многу, и ќе помине уште толку многу додека раните од оковите не исчезнат, затоа што ми значеше.

Жал ми е што психички ме фрли на дното што почнав да им верувам на твоите зборови. Во она што го зборуваше за мене. Во она што ти бев тебе. Онаква каква што ти ме виде.
Жал ми е што им зборуваше грозни нешта на другите за мене кога јас само ти посакував се најдобро. Жал ми е што другите поверуваа во тоа затоа што само сакав да стекнам нови пријателства. Жал ми е што ја преувеличуваше нашата приказна. Жал ми е што не те пуштив да одиш кај друга. Жал ми е што трпев се. Што дозволував да ми поставуваш граници. Што не видов колку си лош за мене. Што секој ден имаше нови навреди за мене, што дозволував тие зборови да бидат фрлени врз мене. Жал ми е што беше лут на мене, што секој ден морав да наоѓам нов изговор за да не заврши се.

А за едно ми е најмногу жал, што порано не сфатив дека смеам да ти кажам „Не!“ и смеам да заминам од тебе.

Прегледи:
518
Објавено на:
06.04.2020