Категории

Кои се петте најпознатите коцкари во светот?

Коцкањето е порок кој е стар колку и парите и многу луѓе имаат неодолива желба да се коцкаат и со помош на среќата да заработат пари. Истражувањата покажуваат дека чувството на добивка од вакви игри создава неверојатна среќа и зависност, па затоа многу луѓе тешко успеваат да се отргнат од таа навика.

5 најголеми и најпознати коцкари:

Џон Монтаг
Џон е најпознат по сендвичот, затоа што тој го измислил и прв го претставил. Меѓутоа, тој бил екстремен коцкар кој не сакал да го напушти коцкарскиот стол за да јаде, се додека не заврши партијата. Токму и заради својата глад прв почнал да става храна помеѓу 2 парчиња леб како би можел да јаде додека се коцка и на тој начин несвесно го измислил најпознатиот оброк во светот.

Арнолд Ротстејн
Американски бизнисмен и коцкар кој во 1920 година бил прогласен за најголем криминален бос во Њујорк. Бил познат по местењето на спортски настани и за време на своите кладби знаел да изгуби милиони долари. Убиен е во 1928 година, кога противничката банда го застрелала за време на состанок.

Бен Афлек
Бен Афлек признава дека е зависен од играњето блек-џек и е во состојба да изгуби многу пари се додека не добие партија.

Тоби Мегвајер
Актерот кој се прослави глумејќи Спајдермен е страствен коцкар кој обожава да игра покер. Во 2004 година почнал да се пријавува и на професионални покер турнири каде што покажал одлични резултати.

Чарли Шин
Чарли Шин е актер со прилично лоша репутација. Тој важи за голем „женкар“ и алкохоличар, но покрај тоа, тој е и страствен коцкар кој едноставно не престанува да ја искушува својата среќа. Неговата поранешна жена по разводот признала дека Чарли во еден период губел по 200 000 долари секоја недела благодарение на покерот.
Прегледи:
1556
Објавено на:
30.04.2019