Категории

Кои се придобивките од сувото грозје?

Иако за намирниците кои се благи и лепливи, како што е и сувото грозје, се сметало дека предизвикуваат расипување на забите, новите истражувања го потврдиле спротивното. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина.

Сувото грозје се препорачува како ужина меѓу главните оброци. Зошто?

Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ви помогне полесно да го издржите физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе ве засити и нема да чувствувате глад

Снабдува со енергија

Сувото грозје е одличен извор на енергија и многу е корисен за спортисти, а иисто така помага и на оние кои сакаат да покачат на телесна тежина. Со фруктозата и глукозата кои ги содржи дава голема енергија.

Го подобрува имунитетот

Помага во апсорпцијата на различни хранливи материи во организмот, вклучително и витамини и протеини, кои го подобруваат општото здравје и имунитет на организмот.

Го подобрува сексуалното здравје

Секојдневното консумирање на суво грозје го зголемува сексуалниот нагон, преку аминокиселината аргинин која помага во подигање на либидото, а со самото тоа и подобрување на сексуалниот живот.

Спречува рак

Сувото грозје нуди заштита од рак на дебелото црево, бидејќи содржи полифенолни антиоксиданти наречени катехини. Тие го штитат организмот од ширење на слободните радикали кои се одговорни за раст на тумурите.

Ја подобрува дигестијата

Богато е со влакна кои помагаат за подобра работа на дигестивниот тракт. Ги чисти токсините и други видови отроврни материи од гастроинтерстиналниот тракт и го одржува здравјето на цревата.

Прегледи:
615
Објавено на:
12.04.2017