Од сите страни слушаме како козметичките производи содржат состојки кои се опасни за нашето здравје. Жените од целиот свет трошат богатство на производи за нега на кожата, но не знаат дека некои од овие состојки можат да им наштетат.
Пилинг за лице е еден од основните третмани, кога станува збор за негата на лицето. Сепак, бидете внимателни при купувањето на овие производи. Некои производители во пилинзите додаваат честички, како што се семки од кајсија или семки од орев. Овие честички, наместо да го отстранат површинскиот слој на мртвата кожа од лицето, всушност, прават микроскопски дупки на вашето лице. Иако не можете да ги видите со голо око, тие се доволно големи за да ги пренесат бактериите на вашето лице. Последиците се црвенило, чешање, воспаление и дамки.
Некои пилинзи, креми за лице, лосиони и бањи за телото содржат емулгатори. Кога ги користите овие производи, хранливите материи (масло и вода) ќе се апсорбираат, но емулгаторите ќе останат на површината, што ќе предизвика оштетување на заштитниот слој на кожата и побрзо сушење. Состојки кои укажуваат на присуство на емулгатор се: mulsifying wax, polysorbate, stearate, steareth, cetearyl и ceteareth. Затоа, обрнете внимание на нив.
Проверувајте ја етикетата на производот, односно состојките кои ги содржи, за да научите да ги избегнувате негативните состојки. Исто така, наместо да купувате, користете ги природните, органски маски за лице и нега на кожа.