Кога ќе помислите на Мексико сигурно веднаш добивате асоцијација на добра храна, текила, плажа, забава, коктели, но еден коктел се издвојува и нема друг толку едноставен и најдобар како него – класичната Маргарита.
Миксот од текила, ликер од портокал – triple sec, цеден лимон, послужен на мраз во чаша чиј раб има слој од сол е вистинско мексиканско доживување, а во центарот на Скопје може да го искусите во Мексиканскиот ресторан Амигос.
Подготовката му е едноставна, може да го направите и во вашиот дом, но за вистинско уживање во мексикански амбиент и со добра мексиканса храна, дозволете тоа да го стори за вас коктел мајсторот во Амигос.
Класичната маргарита има едноставен, малку остар и свеж вкус, тоа може да биде надополнето со ликери во други вкусови по ваш избор, се со цел создавање совршенство согласно вашите желби.
Знаете што е подобро од маргарита? Маргарите + начос чипс, тоа е неизбежна комбинација која нема кој не ја обожава, а иако коктелите потсетуваат на лето, нема зошто да ги запоставиме во овие студени месеци.
Месец декември во Амигос е резервиран за 30% попуст на сите коктели, а тоа е одличен повод во предновогодишните денови со вашите пријатели да наздравите со добар коктел.