Категории

Кока Кола и Гугл во заедничка кампања: Оставете ги настрана разликите и соберете се околу Божиќната трпеза!

Кога станува збор за овие две компании, не ни очекувавме нешто помалку. Кока Кола и Гугл се здружија за да покажат дека она што го споделуваме за Божиќ е посилно од она што нè разединува остатокот од годината.

Оваа кампања под името, „Година за споделување“ е дизајнирана да открие како трендовите кои не` разединуваат низ целата година ги оставаме зад себе за време на сезоната на празници, која нè зближува околу Божиќниот дух.

Низ годината пребаруваме секакви актуелни теми кои не интересираат како што се „геј бракови“, „младински протести против климатските промени“ или „пожар во Нотр Дам“, за Божиќ, пребарувањата покажуваат дека сите се собираме околу вообичаени теми: „Како да направи изненадувачки подарок“, „Како да се направи најдобриот костум за Дедо Мраз“, „Традиционални рецепти“, „Како да се зготви за 32 лица“, „Како да се направи светлечко Божиќно шоу“.

Прегледи:
560
Објавено на:
23.12.2019