Категории

Колку често треба да ги перете фармерките?

Колку често треба да ги перете фармерките е често дискутирана тема, а за која ќе наидете на различни ставови. 

Некој ќе ви каже дека тоа го прави после 3 или 4 носења, а на пример тука е директорот на Левис, Чип Берг, кој вели дека никогаш не ги пере фармерките. Според него целосно непотребно е да се троши вода на тоа, а ќе успеете само да ги уништите фармерките.

После само првото носење, тие ќе бидат покриени со микроби, вклучувајќи бактерии, кожа и природни масла, а секако и траги од секаде каде што се седнале. Но, тоа што треба да го знаете е дека овие нешта не се опасни за вас и нема да влијаат никако на вашето здравје.

 

Сопствениците на компаниите за џинс, како Берг, ќе ви кажат да ги ставите во замрзнивач, но температурата таму не е доволно ниска за да ги уништи сите бактерии, а нема ни да ги отстрани мртвите клетки од кожата и маслата. Штом дојдете на собна температура мирисот ќе постои.

Кога ќе се извалкаат фармерките Берг ги пере рачно, но експертите велат дека и тоа не е доволно за да се исчистат.

Со не перењето на џинсот го менувате текстилот, како што ги носите текстилот попушта и започнуваат да се опуштаат, а текстилот е поподложен на кинење.

Самиот факт дека после првото носење фармерките се полни со бактерии и остатоци од нашето тело, беспотребно е честото перење на фармерките. Иако некои експерти препорачуваат перење после 3 – 4 носења, во зависност од тоа каде ги носите, колку ги носите, во зависност од вашето тело и временските услови, направете сами проценка.

Како што се напомена погоре, бактериите се неминовни, а проблематичен е само мирисот. Кога би се сумирал одговорот на прашањето Колку често треба да ги перете фармерките? најсоодветниот одговор би бил – кога се навистина валкани и кога мирисаат, не порано.

 

 

Прегледи:
416
Категории:
Животен стил
Објавено на:
08.02.2018