Категории

Колку често треба да го миете вашето лице?

Дали некогаш сте се се запрашале дали доволно често го миете вашето лице? Еве што мислат стручњаците по ова прашање..

Хигиената е клучна за здравиот изглед на кожата.
Речиси не постои женска особа на светот која не поседува мала војска од препарати за нега на лицето. но пред негата во облик на крема, лосион, препарати против брчки, тука класично спаѓа и миењето на лице, односно измивањето.
Дали некогаш сте се се запрашале дали доволно често го миете вашето лице? Еве што мислат стручњаците по ова прашање..

Колку често треба да го миете вашето лице?
Краткиот одговор гласи – два пати дневно. Но зависи од приликата и повеќе од тоа. Рутината која подразбира миење на лицето еднаш дневно се докажува како недоволна. Во идеален случај лицето би требало да го чистите два пати дневно – наутро и навечер, тврдат дерматолозите. Има смисла ако размислите дека денот треба да го започнете со чисто лице, на кое потоа ќе нанесете дневна крема, но и да одете на спиење со чиста кожа. Ако ви претставува преголема задача да го миете лицето два пати дневно, погрижете се да го правите тоа барем навечер пред одење на спиење со цел кожата да може да се регенерира во текот на спиењето.

Дали личностите со одреден тип на кожа треба да го мијат лицето почесто од другите?
Лесно е да помислите дека масната кожа треба да се мие почесто од посувата, но тоа всушност не е случај. Миењето на лицето наутро и навечер со соодветни производи е правило до кое треба да се држат личностите со сите типови на кожа. Пречестото миење на лице нема да допринесе во тоа вашата кожа да стане помалку масна отколку што, може само да ја иритира.

На што да обрнете внимение кога бирате производи за миење на лицето?
Пред се обрнете внимание на pH вредноста. Потребни ви се производи кои се pH неутрални. Ваквите формули нема да го променат вашиот природен pH фактор на кожата. Во спротивно ризикувате соочување со поајвата како црвенило, дамки на кожата и акни. На производот треба да пише дека е pH неутрален или дека е pH избалансиран и не содржи додатоци во вид на сапун.
Исто така ако сакате да избегнете производи кои содржат сулфати, кои ја нарушуваат заштитната бариера на кожата побарајте знак кој формулата не содржи SLS (sodium lauryl sulfate).

Прегледи:
754
Објавено на:
16.09.2020