Категории

Колку долго значи предолго без секс?

Колку често имате секс со партнерот? Тоа е прашање кое често се појавува, а ги открива некои од нашите најдлабоки несигурности во врска со нашите интимни односи. Исто така, повеќето луѓе во некој момент се запрашуваат: Колку често треба да имам секс? Што ако имам секс поретко од моите пријатели? Дали тоа значи дека имам лош однос со партнерот?

Барајќи го одговорот на овие прашања, Psychology Today пренесува студија во која учествувале преку 26.000 Американци, објавена во Archives of Sexual Behavior, каде што учесниците изјавиле дека имаат секс 54 пати годишно, што е од прилика еднаш неделно. Во студијата учествувале луѓе без постојан партнер, луѓе во врска, во брак и партнери.
Исто така, се шпекулира околу поврзаноста на среќата со редовниот секс. Во истражувањето објавено во Social Psychological & Personality Science во кое учествувале 30.000 Американци, се испитувала поврзаноста и се покажало дека тоа не е вистина. Истражувачите заклучиле дека паровите кои имаат секс еднаш неделно се еднакво среќни како и оние кои имаат секс 2,3 пати неделно. Но, што е со оние кои имаат секс поретко од еднаш неделно? Кај тие парови се покажало дека нивото на среќа е на пониско ниво.

Она што е најважно да се запомни е фактот дека сексот треба да задоволува, па дури и ако се практикува еднаш месечно или помалку, сепак е многу поважен од оној секс без чувство на задоволство и интима.

Прегледи:
910
Објавено на:
06.10.2018