Категории

Колку физичкиот изглед е навистина важен во љубовта?

Дали е вистина дека физичкиот изглед е клучен за врската?

Секако сите знаеме дека изгледот е важен. Кога привлечна жена или маж влезат во кафич или ресторан, одма се забележани. Но секако, тоа не може да биде мислење на сите, едноставно секој поседува различна перцепција за тоа дали е некој привлечен или не.
Истражуавњето спроведено во 2010 година, мажите требало да ја оценат привлечноста на жената на фотографијата која им била дадена. Некои испитаници им дале позитивни а некои негативни оценки на жените на сликите. Двете гружи се сложиле кои жени имаат најпривлечно лице и тело, никој не го порекол фактот кога некоја жена е убава, а мажите кои добиле негативни оценки на изгледот, добиле доста позитивни оценки за нивниот карактер.
Заклучокот е дека, вашата убава личност ве прави вистински привлечни.

Едно друго испитување спроведено во 2007 година, истакна дека по правило, вашата личност може драстично да влијае врз тоа колку некој ве смета за привлечни. Ако сте најубава личност во просторијата, тоа можете лесно да го расипете само ако одеднаш отворите уста и на пример – бидете безобразни спрема келнерот.
На крајот психолозите кои го спроведувале ова истражување, истакнале дека, физичкиот изглед може да биде битен најдолго се додека личноста не го открие својот карактер.