Медот со сусам е комбинација која би требало почесто да се наоѓа на вашето дневно мени. Не само што е вкусна, туку е и супер лек за целокупното здравје.
Оваа природна смеса е извор на витамини Е, А и Б, минерали и омега 3 и 6 масни киселини.
Се препорачува да се консумира наутро, на гладен стомак од следниве неколку причини:
– го зајакнува имунитетот
– ја намалува желбата за слатко
– ги ублажува стомачните болки
– помага при гастритис, колитис и чир
– ги зајакнува коските
– ги стимулира менталните активности
– ја зголемува физичката издржливост
– го подобрува квалитетот на косата и кожата
Како се подготвува оваа мешавина?
Прилично едноставно, треба само да измешате 1 лажица мед со 1 лажица сусам. Мешајте додека не добиете смеса слична на алва.
Ова е количина за еден ден. Ако однапред подготвувате за повеќе денови, задолжително чувајте ја мешавината во стаклена тегла со капак.