Категории

Комплименти на кои жените “се топат”

Американките и Французинките сакаат комплименти за облеката, додека Британките сакаат да слушаат комплименти за својата фигура, покажуваат резултатите од истражувањето кое го спровело еден сајт за запознавање.

Сепак, жените од сите националности најмногу уживаат во комплименти за нивните усни.

Неодамна беше спроведено истражување на сајтот Badoo, еден од најпознатите светски сајтови за запознавање. Корисниците кои биле дел од истражувањето, го започнувале разговорот со 12 различни комплименти, упатени кон женскиот изглед. Според тоа, тимот од истражувачи утврдувале кој комплимент предизвикува некаква реакција и колку истата е доволно успешна за понатамошен разговор.

Така, девојките од Шпанија уживаат во комплименти за нивната фризура, а Германките и Канаѓанките – за нивната кожа. Чудно, но вистинито – Португалките и Холанѓанките сакаат да добиваат комплименти за нивните уши.

Но, поголемиот број од жените “се топат” на комплименти за нивните усни. Британскиот експерт за проучување на човечкото однесување, Џо Хемингс, објаснува дека ваквите комплименти жените ги сметаат за храбри и интимни.

– Жените обожаваат мажи кои преземаат иницијатива и се одлучни – вели Хемингс.

Авторот на книгата “Љубовни сигнали”, Дејвид Гивенс, тврди дека овие резултати имаат смисла, бидејќи жените отсекогаш воделе грижа за своите усни.

– Од тинејџерството па наваму, жените се опседнати со своите усни, мачкајќи ги со најразлични бои на кармини. Тоа датира уште од времето на стариот Египет  – истакнува британскиот автор на бестселери.

Прегледи:
426
Објавено на:
12.07.2017