Категории

Комплименти што жените сакаат да ги слушнат во кревет

Постојат два вида луѓе во креветот: оној кои сакаат ,,валкан разговор”, и оние кои не сакаат да слушнат глас …

И двата типа се сосема во ред. Но, за сите оние кои паѓаат на жежок разговор, се применуваат неколку правила. Постојат многу работи што може да се кажат за време на сексот. Некои од нив се несоодветни, а некои се многу пожелни и може дополнително да ја разгорат имагинацијата и страста.

Жените вообичаено сакаат комплименти во креветот – се разбира, само ако партнерот сериозно ги мисли.

Па, што е генерално добро да се каже, и што е сосема непожелно?

1.Вистински комплименти во креветот

• Ги сакам твоите нозе / грб.

Кога една жена вели дека сака одреден дел од нејзиното тело, секогаш е хит. Ако тоа не се секогаш гради и задник – уште поубаво!

• Мирисаш толку убаво!

Тоа е обично еден од најубавите комплименти што може да добие една жена. Тоа покажува колку сте блиски во дадено време.

• Не престанувај!

Ако некој прави нешто добро, нема ништо посебно да се каже. Само кажете што навистина значи во тој момент – и сите ќе бидат среќни!

https://giphy.com/gifs/sexy-music-video-I38FQxfDY9TKE

2.Што не треба да зборувате во кревет

Како што постојат ,,вистински” комплименти за време на сексот, така постојат и ,,погрешни”. Некои изјави едноставно не се соодветни за тој момент …

• Многу си посекси од мојата поранешна

Апсолутната табу тема во кревет е да се зборува за поранешните, макар и да се работи за комплимент. Споредувањето воопшто не е добро!

• Леле, колку си слатка!

Слатка? Гола под чаршафи… Никој не сака да биде сладок за време на сексот!

• Твоите очи се преубави!

Кога лежиш гол во креветот и длабоко гледаш во очите на партнерот- тоа е всушност сосема романтично. Ноо алоо јас сум гола! Зарем немаш поубави зборови за моето тело?!

Прегледи:
705
Објавено на:
30.03.2018