Категории

Корисни совети: Мијте ја косата на овој начин за помалку да се масти!

Престанете да купувате скапи шампони за поспоро мастење на косата, бидејќи овие супер совети помагаат косата подолго време да ви остане чиста.

Мора да пронајдете свој ритам во миењето на косата, бидејќи дел од луѓето ја мијат косата премногу често, а други премногу ретко. Не дозволувајте да се собираат масни наслаги, но и не ја провоцирајте кожата на главата со премногу често миење.

Направете распоред – ако морате да ја миете косата еднаш во денот, нека биде тоа наутро, а никогаш навечер. Единствено така уште од утрото ќе изгледате уредно и чисто. Никогаш не користете премногу шампон, туку само малку и тоа на коренот на косата.

Балсамот користете го само на краевите. Никогаш не гребете со ноктите по кожата на главата.

Редовно перете ги четките и чешлите, а ако морате да носите капа или марама, освежете ја фризурата со шампон за суво миење.

Прегледи:
527
Објавено на:
16.01.2019