Категории

Коронавирусот кај трудниците – Бебето НЕ може да се зарази во стомакот на мајката

Нема потреба од паника за трудниците, бебињата можат да се заразат исклучиво со директен контакт со мајката

Докторите изјавуваат дека сеуште не е докажана трансмисија од мајките врз плодот во текот на бременоста, додека оние ретки бебиња кои се заразиле, инфицирани се преку директен контакт со мајката после породувањето.

Сеуште не постојат докази дека бремените жени се повеќе изложени на зараза од другите луѓе. Како и сите други болести, температурата е ризичен фактор во бременоста но тоа не е нешто поради кое треба да паничите.
Вирусот исто така не е откриен нити во мајчиното млеко, но сепак сеуште не постојат 100% сигурни докази дека тој не може да биде пренесен врз бебето преку мајчиното млеко.

Бремените жени секако се повикуваат да одржуваат добра хигиена и редовно да ги мијат рацете и да избегнуваат било каков физички контакт со друго заболено лице.

Прегледи:
513
Објавено на:
29.03.2020