Категории

Косата ќе ви расте двојно побргу доколку ги воведете овие намирници во исхраната

Збогатете го секој оброк со овие фантастични намирници благодарение на кои ќе имате здрава и долга коса.

Не можете да дочекате косата конечно да ви порасне? Тоа, за жал, не може да се случи преку ноќ, но постојат начини како да го забрзате тој процес. Освен најразличните серуми и други козметички препарати кои го поттикнуваат нејзиниот раст, важно е и што јадете. А ако воведете мала промена во својата секојдневна исхрана, косата ќе ви расте многу побргу и сигурно ќе бидете поздрави.

Најздравата храна за вашата коса е всушност и најздрава за организмот, бидејжи се базира на природни, непреработени намирници, најчесто билки. Особено тоа важи за храната богата со железо, цинк, витамините Ц и Б, како и омега 3 киселината.

Со други зборови, во секојдневната исхрана треба да ги вклучувате намирниците како мешунки и јајца кои ќе ви ја дадат потребната доза на протеини, а освен што ќе го забрзаат растот на косата, ќе ја направат поцврста и поздрава. Други намирници кои го забрзуваат растот на косата се пиперките, лиснатиот зеленчукот, семињата и лососот.