Категории

Косата открива како ве гледаат другите луѓе – Што зборува вашата фризура за вас

Истражувањата покажуваат дека косата во голема мера влијае на тоа како луѓето ве гледаат.

Секси или интелигентно? Истражувањето спроведено на Јеил покажа дека секоја фризура што ја зголемува перцепцијата за вашата сексуалност ја намалува перцепцијата за интелигенцијата. Значи, ако сакате да привлечете мажи, ќе имате подобар изглед со подолга коса. Истражувањето спроведено од „Пантене“ открива дека најголемиот процент мажи сметаат дека долгата коса е најсекси.

Русокосите се опасно секси
Според истражувањето, девојките со долга руса коса се најатрактивни. Значи, ако имате руса коса, мажите веројатно сакаат да ве поканат на вечера, но исто така сакаат да спијат со вас. Ова значи дека ќе мора да ја докажете својата интелигенција на старомоден начин – со зборување – затоа што луѓето нема веднаш да претпостават дека сте и вие паметни.

Жените со средна должина на коса и со едноставна фризура, според истражувањето на Јеил, изгледаат паметно и добродушно.
Добиваат дополнителни поени ако се бринети. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Вестминстер покажува дека тие не само што делуваат попаметно, туку и попривлечно. Истражувачите испратиле русокоси, бринети и црвенокоси во разни ноќни клубови и ги снимиле мажите како им се приближуваат. Потоа тие побараа од овие мажи да ја оценат нивната привлечност и интелигенција.

Бринетите добија најмногу поени, но беа на второто место по бројот на мажи кои им пријдоа. Зошто? Тие веројатно изгледаа премногу паметни за да „паднат“ на вообичаените машки трикови. Русокоси? Дури и ако биле оценети како помалку привлечни, повеќе мажи им приоѓале на русокосите, докажувајќи дека сепак најдобро се забавуваат.

Моќта на кратките фризури
Кратката коса може да изгледа помалку женствена, но жените со кратка коса изгледаат посамоуверено. Ако имате фризура како Хали Бери, веројатно тие ве доживуваат како храбра и самоуверена личност. Не е лош првиот впечаток кога запознавате нови луѓе, нели?

Кадрава или права коса
Девојките со права коса оставаат впечаток на сериозни, професионални и едноставни луѓе, тврди социологот др. Роуз Вајц која ја проучуваше перцепцијата на женската коса. Значи, ако одите на интервју за работа, зошто да не ја исправите косата? Но, мала забелешка: не пеглајте премногу затоа што уморна коса без волумен може да остави впечаток на тврда личност. Ако имате виткана коса, луѓето ве доживуваат како безгрижна и достапна личност.