Еден од најголемите и омилените градови во светот, Њу Јорк, има бројни висококатници, модерни кои се вистинско ремек дело на современата архитектура, но и стари историски згради кои зрачат со посебна убавина.
Фотографот Marc Yankus ги претставува овие кралици во урбаната архитектура како вистински убавици. Чистејќи ја околината, создава неверојатно убави фотографии кои ги претставуваат зградите во нивната чиста и величествена форма.
Речиси и да не се приметливи кога ја гледате целата слика за Њу Јорк, но овие згради раскажуваат историја, раскажуваат за други времиња, а кога ги гледате самостојно, тогаш ја гледате целата приказна за нив.
Претставени во ладни и топли тонови, фотографиите добиваат кинематографски квалитет. Фотографот Yankus и неговата работа се како временска капсула. Некои фотографии се тука за да не потсетат на величенственото минато, а некои се тука да влеат надеж за убавите денови кои следат.
„Зградите не се претставени како што се. Со чистење на визуелната бука, ги претставувам онака како што мислам дека треба да бидат видени.“ ојаснува Yankus. Не треба многу да се говори, само погледнете ги овие њујоркшки кралици.