Категории

Крава именувана како Пош Спајс продадена по највисока сума за крава досега затоа што имала „Х-фактор“

Една крава во Англија е продадена за верувале или не за 299 000 евра.

Таа се вика Пош Спајс, според „титулата“ што Викторија Бекам ја носеше во женскиот бенд „Спајс Грлс“, и тоа е рекорд за добиток што припаѓа на расата лимузин.

Пош Спајс е потомок на говеда кои добивале награди, пренесува Би-Би-Си, а нејзината мајка Милбрук Гингерспејс досега го држеше британскиот и европскиот рекорд по цена, што го постави кога беше продадена во 2014 година

Сопственичката на продадената крава, Кристин Вилијамс, изјави дека се чувствува како да „добила на лотарија“ и дека крајната цена е „неверојатна“.

За Пош Спајс, се разбира, таа имаше само пофални зборови, па рече дека е „паметна и полна со стил“, а оваа многу висока цена ја припишува на „оној Х фактор“ што го има кравата.

Прегледи:
739
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
09.02.2021