Категории

Кристални чевли за современи Пепелашки – Amina Muaddi создаде колекција за дамите кои сакаат да се чувствуваат како принцези

Новата модна соработка на Amina Muaddi и A$AP Rocky ја претвора бајката за Пепелашка во реалност.

Оваа цела година не претвори во Пепелашки кои мечтаат за блескави балови. И додека чекаме поволно време за да заблескаме, дизајнерите не мируваат. Амина Муади после успешната соработка со брендот Fenty на Ријана, за која освои и награда, лансира нова колекција чевли во соработка со наводниот дечко на Ријана – A$AP Rocky.

AWGE x Amina Muaddi донесува веќе препознатливи карактеристики на „ит“ челвите – необична потпетица, секси ремчиња кои се обвиваат околу нозете и кристали, но A$AP во дизајнот внесе и свој заштитен знак – пеперутки кои се негов препознатлив знак на ASAP Yamsu и ланци со кристали кои се неговиот омилен накит.

Поместениот шик искомбиниран со деликатност на дизајните на Амина и рап естетиката ја отелотвори прекрасниот модел и сопруга на Винцент Касел – Тина Кунаки.

Прегледи:
661
Објавено на:
12.12.2020