Категории

Кристијан Диор: Една дама не смее да си дозволи да излезе од дома во вакво издание

Еден од најпознатите светски модни дизајнери – Кристијан Диор гласно рекол дека ги обожава жените, но не и оние кои го правеле ова..

Кристијан Диор беше еден од најпознатите модни дизајнери на минатиот век. После децении, брендот Диор сеуште се смета за синоним на квалитет и истенчен вкус.
Самиот тој бил позитивен спрема жените, но некои од нив ги презирал. Еве неколку типови на жени кои Кристијан Диор ги сметал за исклучително ужасни.

Жени со нечиста коса
Како Коко Шанел, и Кристијан Диор сметал дека најлошото што една жена може да го направи е да излезе од својот дом со нечиста коса. Диор верувал дека за неа неможе да се каже дедка е негувана ако дозволи себеси да се појави во јавност со нечиста коса.

Женственост
Ако една жена не е женствена тогаш таа не може да се смета за дама. Ако ја негира својата женственост и не ја нагласува, тогаш таа и самата не е жена, сметал Диор.
Според него, женствени не се само чевлите со потпетици и фустаните, туку и однесувањето, манирите, комуникацијата со другите луѓе.

Соодветна облека
Диор сметал дека правилната нега на телото подразбира и одбирање на облека која одговара на нашето тело и карактер. Негувана жена е онаакоја носи облека која и одговара на нејзината фигура и која умрено ја нагласува.

Чевли
Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе – изјавил Диор. Тој сметал дека женските чевли се неопходен атрибут за женственост.
Негуваната жена не смее да си дозволи да излезе од дома со чевли кои не се женствени. Диор не поднесувал патики на женските нозе.