Категории

Ксенија Николова со нова книга, „Емотивен манипулатор“ својата промоција ќе ја има на 13-ти декември

Една од нашите млади и талентирани авторки, Ксенија Николова, овој декември го издава своето четврто дело. 

„Емотивен манипулатор“ во издание на ИП Култура ќе биде промовирана во среда на 13-ти декември во Интермецо, а поканети се сите оние кои имаат желба да бидат дел од овој настан, каде ќе имаме можност да ја слушнеме инспирацијата на авторката, да се запознаеме со делото и секако, во пријатна и опуштена атмосфера да го прославиме плодот од нејзината мисла.

Авторката прв пат пишува во женски род, а за нејзината инспирација за оваа приказна ќе каже: „Емотивен манипулатор“ е приказна која додека ја пишував, испиша на моето срце една мисла: „Научи да се радуваш, научи да се ослободиш од бесмислени прашања, научи да гледаш само напред, научи да се победиш самата себе, прости им на сите, прости си себеси, живеј!”

За промоцијата можете повеќе да дознаете на овој фејсбук настан.