Категории

Кучињата ги препознаваат емоциите по изразот на лицето и гласот

Кучињата можат да го препознаат расположението кај луѓето според изразот на лицето и тонот во гласот, што е особина која досега можела да им се препише само на луѓето, објавено е во списанието „Biology letter“ , на британското кралско друштво за науки.

Другитe животни можат исто така да ги препознаат емоциите, но само во рамки на истиот вид.

За да ги сфати емоциите на другите видови, мозокот мора да има способност за разбирање, процена и да ги комбинира  звуците и сликите.

Во рамки на ова истражување, научниците од британскиот универзитет Линколн и бразилскиот универзитет Сао Паоло поставиле 17 кучиња пред фотографии од гневни и среќни лица и комбинирале звуци од среќни и од вознемирени гласови.

Кучињата успешно го поврзале веселиот глас со среќната фотографија и обратно. Тоа покажува дека кучињата се способни да ја анализираат врската меѓу две чувства и да утврдат доследност на информацијата.

Студијата покажала дека кучињата имаат способност да интегрираат две видови на чувствителни информации и да остварат соодветна перцепција за човековите емоции. Оваа когнитивна способност досега ја искажале само луѓето, изјавил британскиот научник Кун Гуо.

Многу сопственици на кучиња велат дека нивните миленици се чувствителни на расположението на членовите на семејството. Меѓутоа, како што велат научниците, важна е разликата меѓу научените реакции и препознавањето на различни знаци за емотивната состојба.

Во ова истражување имало и кучиња кои не ги познаваат ликовите од фотографиите и нивните гласови. Тоа сугерира дека способноста за комбинирање на емотивните звуци е карактеристична за кучињата, посочил научникот Даниел Милс.

Прегледи:
445
Категории:
Занимливости
Објавено на:
19.01.2016