Категории

“Леден” тепих на премиерата на новата сезона на “Game of Thrones”

‘Зимата е тука!’ е слоганот на новата претпоследна 7-ма сезона на феноменот “Игра на тронови” а во негова чест во Холивуд во петокот се одржа гламурозна премиера каде присуствуваа голем дел од актерските ѕвезди на серијата.

Традиционалниот црвен тепих овој пат беше заменет со ‘ледено’ син но женската екипа успеа да ја ‘вжешти’ атмосферата со гламурозните тоалети. Мејзи Вилијамс позната како Арја Старк блесна во провокативна зелена тоалета, Софи Тарнер или Санса Старк се одлучи за краток фустан во стил на блуза од модната куќа Louis Vuitton. Од машката екипа Кит Харингтон – Џон Сноу шармираше во класичен црн смокинг заедно со неговата девојка и колешка од серијата Роуз Лесли која се одлучи за долга цветна тоалета.

Во галеријата подолу ви ги споделуваме сите изгледи од премирата.