Пејачката не престанува да ја интригира јавноста.
Лејди Гага ги подгреа гласините дека е повторно заљубена, а фановите се прашуваат кој е не нејзината нова љубовта.
Откако излегоа гласините дека за време на снимањето на филмот „A Star is Born“ таа и актерот Бредли Купер особено се зближиле, и после тоа ја раскина својата веридба со Кристијан Карин, а Бредли ја остави својата долгогодишна девојка Ирина Шајк, гласините за нивната романса станаа повеќе од само шпекулации.
Имено, како што велат, „каде што има чад, таму има и оган“, Лејди Гага продолжува суптилно да открива информации од својот љубовен живот, па неодамна таа сподели слика на својот Инстаграм профил со наслов „Италијаните готват со љубов“, на фотографијата таа позира во романтично издание со бели рози.
Нејзините фанови знаат дека Гага е италијанска и нејзините родители поседуваат италијански ресторан. Иако нејзините корени се тајна, фановите се прашуваат за кого се работи.
Минатиот месец таа беше фотографирана како се бакнува со својот соработник Дан Хортон во Лос Анџелес, додека потоа почнаа да кружат гласини дека таа и Бредли Купер заминале на заедничко патување.