Ако се запрашувате зошто во животот имате толку проблеми, прочитајте ја оваа приказна. Можеби ќе ви помогне да сфатите нешто важно за себе.
Душите седеле на тркалезна маса и ја бирале својата следна задача. Тогаш станала една смела и силна душа:
– Овој пат ќе отидам на Земјата и ќе ги научам да простуваат. Кој ќе ми помогне во ова?
Останатите души помалку исплашени се огласиле: – Тоа е една од најтешките лекции… Можеби нема да биде доволен ни цел живот да успееш во тоа… Многу ќе патиш… Многу ни е жал за тебе… Можеби сепак ќе успееш… Ќе ти помогнеме…
Едната душа рекла:
– Подготвена сум да те пратам на Земјата и да ти помогнам. Ќе бидам брачен партнер и во нашиот семеен живот многу проблеми ќе настанат по моја вина, а ти ќе научиш да ми простуваш.
Другата душа додала:
– Јас би можела да станам родител и да те направам детството да ти биде тешко. Потоа би можела да ти се мешам во животот и работата, а ти ќе се учиш да ми простуваш.
Третата душа рекла:
– Ќе ти бидам претпоставен, кој често кон тебе ќе биде строг и неправеден, за да можеш да осетиш како е да простуваш.
Уште неколку души се договориле со неа да се сретнат во различни периоди од животот, за да и дадат лекција… Секоја душа избрала своја лекција и заеднички направиле план како ќе се упатуваат низ животот. Кога планот бил готов, се создале на Земјата.
Меѓутоа, школата за душите е таква, во моментот на раѓање кога започнуваат нова лекција нивното сеќавање се брише. Само ретките можат да осетат дека ништо не е случајно и дека секој човек во нашиот живот всушност се појавува тогаш кога ни е потребна лекцијата која тој ја носи со себе.