Категории

Леонардо Ди Каприо на прошетка со неговата 20 годишна девојка

Долго време се смета за еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, но сега јасно покажа дека не е веќе сам.

43 годишниот актер прошета со неговата 20 годишна девојка, Камила Морон, откако биле на појадок во Западен Холивуд, во лежерно издание, фатени под рака.

Лео облечен во дуксер и капче, а младиот аргентински модел во џинс, бела маичка и шешир. Очув на младата Камила е легендарниот Ал Пачино, а парот е наводно заедно од почетокот на годината, откако се поврзале заради семејните пријатели. Нејзината мајка Лусиа Сола е во врска со Ал Пачино, кој е инаку близок со Леонардо.

Актерот е вообичаено воздржан кога станува збор за неговите врски, па нивното појавување во јавност заедно веројатно е показател дека врската станува сериозна.