Категории

Леонардо ДиКаприо не сака да излегува со девојки постари од 25 години

Леондардо ДиКаприо е еден од најпознатите и најпосакуваните ергени на денешницата. Уште откако за прв пат се појави на филмската сцена во доцните ’80-ти и раните ’90-ти и ја стекна светската слава во мега хитот „Титаник“, неговиот љубовен живот стана мета на бројни дискусии.

Сега во своите 40-ти, оскаровецот е сеуште познат по тоа што избира само млади девојки за свои партнерки. Според статистиката на неговите досегашни врски, актерот одбира девојки кои немаат повеќе од 20 и нешто години. Леонардо никогаш немал девојка која била постара од 25 години. Актерот моментално е во врска со моделот Камила Марун која има 21 година а нивната врска трае веќе една година.

Ова не е прв пат ДиКаприо да има девојка која на половина од неговата возраст. Единствен пат кога бил во врска со девојка која била на приближно негова возраст е кога беше во врска со моделот Жизел Бундхен во далечната 2000 година кога Леонардо имаше 26 години а таа 20 години.

Моделот Жизел Бундхен беше неговата единствена девојка со која актерот одеше на јавни настани, таа го придружуваше и на доделувањето на Оскарите во 2005 година, после нивното раскинување за кое според блиски извори се вели дека причината била тоа што актерот сакал промена во својот живот, тој не се појавил со нити една девојка на јавен настан повторно.
Актерот преферира приватни средби во неговите вили и јахти, додека ретко може да биде виден на некое јавно место.