Сите дами обожаваат брзи и едноставни фризури кои нема да им одземат многу време додека се подготвуваат наутро, па затоа во оваа прилика повторно ви споделуваме неколку одлични лежерни фризури за кои нема да ви е потребно повеќе од минута за да изгледате убаво и средено.
Понекогаш доволен е еден аксесоар за да го трансформира целосно вашиот изглед и да ја претвори обичната здодевна фризура во супер стилска и шик. Ви споделуваме неколку идеи како да ја стилизирате вашата коса на начин кој е лежерен и шармантен и при тоа нема да ви одземе премногу време.