Категории

Лоши навики во негата на кожата кои морате да ги промените

Начинот на кој се грижиме за нашата кожа се гледа во тоа како таа изгледа, затоа многу е важно да и се посвети доволно внимание со цел да се избегнат некои грешки кои секојдневно ги правиме.

Убавата и негувана кожа е клучот до младоликиот изглед во секоја старосна доба. Првиот и најважен чекор е одржувањето на нејзиното здравје и правилната нега која ќе и овозможи таа да изгледа убаво секогаш. Ова се најчестите грешки кои се прават и доведуваат до значително лош изглед, предвремено стареење, брчки и нееднаквост на тенот.

1. Спиење со шминка 

Сигурно ви се случило безброј пати да заспиете со шминка, било причината за тоа да е уморот или едноставно сте заспале – а тоа е многу погрешно! На кожата и е потребно темелно чистење со цел да се избегне затворањето на порите и развивањето на бактерии, ова е најлошото нешто што можете да и го сторите на вашата кожа.

2. Користите препарати на кои им истекол рокот на траење

Знаеме дека многу ретко се проверува рокот на траење на производие но токму тоа е причината за честото појавување на осипи и разни кожни инфекции. Секогаш проверувајте го рокот на траење и мирисот и текстурата на препаратите пред да ги нанесете на лицето.

3. Не ги чистите четките за шминка

И ова е една од најчестите грешки која доведува до бројни кожни проблеми. Четките се тло на бактерии доколку не се чистат редовно со соодветен шампон или сапун. Пожелно е да се чистат после секоја употреба, но доколку немате толку време обидете се да ги перите еднаш до два пати неделно.

4. Имате лоши прехранбени навики

Храната која ја внесувате влијае на вашата кожа. Брзата храна го зголемува шеќерот во крвта што доведува до зголемено мастење на кожата. Дерматолозите препорачуваат конзумирање на јаткасти плодови и авокадо за здрава кожа, коса и нокти.

5. Не ја негувате кожата околу очите

Кожата околу очите е особено осетлива затоа таа треба да се негува со соодветни производи. За нејзината нега е препорачлив цинкот кој го зголемува производството на еластин и кој ја затегнува и ја прави да изгледа младолико.