Категории

Љубители сте на рамните обувки? Овие модели на патики се хит за оваа сезона!

И додека претходните години инфлуесерките и трендсетерките се натпреваруваа која ќе собере повеќе лајкови и реакции предизвикани од новиот пар сандали на потпетици или необични рамни римјанки, оваа година ситуацијата е сосема поинаква.

Инстаграм е преплавен од фотографии со девојки во сите модели на патики кои се комбинираат со различни фустани. Не е важно дали се романтични, лежерни, лелеави или цветни… апсолутно секој дезен може да се вклопи во комбинацијата со омиленото летно парче, а освен што изгледа неодоливо, ќе се сложите и дека ниедни обувки не се удобни колку патиките.

Прегледи:
604
Објавено на:
05.06.2019