Категории

Љубовен хороскоп од најпопуларниот македонски онлајн астролог!

ДЕВИЦА

Девици, оваа недела се враќате на корењата, на семејството. Многу интензивни нешта се случуваат околу вас. Дали е ова крај? Дали ќе се вратите на старите вредности? Ритмот ви е пореметен. Како да сте на работ. Како да не можете понатаму. Исто така оваа недела ќе донесе голема потреба од секс, од нови предизвици. Ако сте сами, неделава ќе ви биде многу возбудлива на длабоко емоционално поле, кое може да прерасне во секс или обратно, преку секс до љубов.
Длабоките чувства во моментов прават да се преродите.
Ова е период на оставање на нешто големо и отворање на нов портал во секој поглед. Некој навистина ве мачи или некоја. Обидете се на искрен начин да пријдете. Голем товар на грбот веќе подолго време. Универзумот ќе ви даде нешто многу интересно, како чаша полна со вода, а водата се чувствата. Отворете се за таа чаша вода.

ВАГА

Голема трансформација и доста сексуална енергија за вас. Дали ќе се трансформирате да бидете со еден човек, да имате секс само со еден човек. Исто Универзумот ви носи голема исцелителна енергија.
Клучниот збор за неделава е секс.
Можеби се плашите да продолжите напред заради чувство дека ве прати лоша среќа во животот, а не е така.
Имате голема среќа. само што тоа не го гледате во моментов.
Минатото како да сака да ве остави, а и вие треба да го оставите, што е поважно, да направите еден договор со минатото, во еден момент да се оставите.
Следете го интензитетот на љубовта, сексот, бидете похрабри. Можеби не е најпрекрасна недела со љубовта на бел коњ, но тоа е заради вас. Вие сте стиснале пауза. Сакате да дознаете каде ве води љубовта сега.
Вагата е комплицирана. Сака и пријател и партнер и секс и љубов, се во едно.

ШКОРПИЈА

Шкорпии, која ви е целта во љубовните релации или поправо дали љубовните релации се соодветни на вашата цел во животот. Ако сте сингл, фокусирајте се на партнер кој има заеднички цели. Моќна недела за вас. Ако не сте слободни би требало да ја доведете вашата врска до заедничка цел.
За Шкорпиите забавна недела, а може ќе одите и на вистинска забава. Вашата самодоверба е многу важна. Ако сте во врска или брак, можеби двајцата ќе треба да се изедначите во целта. Дали вашиот дом ви личи на дом со онаа или со оној кој ве чека дома.
Многу промени во љубовниот живот ако сте сингл. Некои коцки ќе мора да се наредат. Многу луѓе кои ќе ви приоѓаат, но не истрипувајте. Малку ќе бидете збунети. За среќа сите коцки ќе се наредат.
Ако со партнерот сте на сличен пат во кариерата, како и во љубовта ќе биде супер. Ако сте сингл, навистина ќе имате да бирате. Можеби некој на работа ќе ви се бендиса. Многу нови почетоци. Иако изгледа комплицирано, и нелогично во моментов, за Шкорпиите се ќе си дојде на свое место.

СТРЕЛЕЦ

Вие за жал сте најлошо поставените во љубовните релации. Многу лекции тука.
Ако сте сами или сингл, не е лесно за вас. Воопшто и ако не сте сингл. Многу досадни луѓе околу вас.
Вознемирувачки односи со партнерот или со љубовникот/момчето.
Би требало да пораснете во љубовниот живот. Вие растете, не толку вашиот љубовен живот.
Мора да е базирана врската на чистотија и искреност. Ако партнерите или вие сте во ескапизам, под некои дроги или алкохол. Ако ја ескивирате реалноста, тоа не е чистотија во врската.
Мора да барате како Стрелец вистинска љубов. Доколку ве истоштуваат, ви ја земаат енергијата, не се за вас. Но и вие треба да сфатите дека со натпревар не се достигнува вистинската љубов.
Не ја давајте силата на другите. Вашето срце прифаќа се. Не. Треба да се поучите дека време е да ја здогледате реалноста од вашата логична гледна точка. Ви треба храброст за да се спротивставите на овие ситуации во кои сте. Ао ставите крај на она што сте го имале и не го продолжувате, ќе биде многу подобро. Не се докажувајте кои сте. Тоа не е начин за еден Стрелец.

ЈАРЕЦ

Не ја гледате целата слика во љубовните релации. Проблеми за Јарците во љубовта дефинитивно големи. Како да сте во некој чуден простор кој нема смисла воопшто. Предизвиците се големи за вас. Дали има смисла вашиот живот. Ништо не е логично. Дали вашиот интегритет е на место. Ако сте сингл, не е логично, зошто вашиот интегритет не е на вистинското место.
Оваа недела ќе експлодирате. Полната Месечина ќе биде во вашата 12та куќа со Јупитер, каде ништо нема смисла. Мора да ја следите вашата чиста, гола душа. Нема потреба да живеете под маска и да се затворате секој ден се повеќе под маската. Нештата ќе се сменат со вашиот интегритет.
Мора да се ресетирате, бидете чесни со тоа кои сте, кој е вашиот интегритет. Може имате проблеми со семејството. Емоционално ќе скокате од една кон друга емоција. Немате стабилност се уште со емоциите.
Не плашете се воопшто. Интегритетот ви кажав како ќе го најдете.
Јарци, некои сте преплашени да почнувате нешто. Нема потреба.

ВОДОЛИЈА

Е Водолиите, аххх каде сте? Во моментов Водолиите се помалку или повеќе изгубени. Живеете во нездрав љубовен живот. За вас пандан на срцето се Близнаците- значи човек кој е еднаков на вас, интелектуално и љубовно.
Каде отидовте? Зошто пропаѓате. Се наоѓате во досадна врска, љубовна врска. Моќта опаѓа, ритамот опаѓа, Водолиите се во стапица, од која не гледаат спас.
Многу ескапизам за да излезете од досадата, рутината, ритуалите, но немате сила да го направите тоа. Прифаќате се, што не е во сооднос со вас, како Водолии и квалитет.
Скоро се одрекувате од вашиот кармички пат. Не се вртите никаде. Оние што се сингл, следете ја интуицијата, наместо рутината, Сатурн, да се биде во свој затвор.
Страв ви е да раскинете, страв ви е да останете во замката. Ако сте во љубовна релација, длабоко сте разочарани од неа и бегате не од љубовната реалација, туку од сознанието за лошата врска.
Во 2020та сатурн влегува во Водолија, и наместо да губите време, создадете си добра база за да го дочекате Сатурн. Мора да се вратите во зодијакот. Вие сте птица во кафез, наместо револуционер- Водолија. Прашајте се каде е Водолијата во вас? Зошто останавте слепи? Речете збогум на кафезот ! Подобро сами, отколку љубовна релација на погрешен талас. Се однесувате како да ви е „фрлена магија“. „Мене ми е супер“, „Мене ми е најдобро“. Штета.

РИБИ 

Рибите се во ситуација или да се задржат на материјалната страна на љубовната релација, или се наоѓаат во доста досадна ситуација. Можеби не сте со некого на иста таласна должина но кај вас љубовните релации секогаш излегуваат на добро. Можеби се подготвувате за нешто. Ако сте сингл, може да победите неделава, да пронајдете некоја забава или победа. Но победата ќе биде материјална. Можеби недостасуваат емоции, но матерјално ќе бидете добро. Интензивни случувања. Можеби на сексуален план.
Мудроста ви е слаба точка. Понекогаш, барајќи ја материјалната сигурност, Рибите знаат да забораватна емоциите. Мудроста лежи во тоа да го симнете велот и да се покажете такви какви сте.
Можеби вашиот партнер оваа недела ќе ве види во вистински очи, но вас ќе ве снема на кратко, додека тој повторно „ослепи“. Исто така ако сакате партнер со повеќе пари, свртете се наоколу, ќе го најдете.
Баш сте во каша. Ако сте сингл, може да почнете да градите физички дом. Но колку тоа ќе трае? Вие сте создадени да живеете со помош на партнерот.

Вообичаено ја губите вредноста. Победата ја имате, но дали сте доволно мудри да ја извојувате.
Дали фактите и визијата ќе се судрат? Може во моментов не сакате да одите во правецот во кој ве турка животот, односно вие.
И запомнете, љубовта со пари не се купува. Нема платежно сретство за љубовта. Нити парите со љубов.

 

 

1 2

Прегледи:
3997
Објавено на:
12.06.2019