Категории

Љубовта од нас прави оптимисти

Љубовта кај луѓето ја менува нивната перцепција на светот, изострувајќи ги позитивните мисли, а намалувајќи ги оние негативните. Така со тек на време, заљубените луѓе стануваат се поголеми оптимисти.

Ако сте песимист про природа, љубовта може од вас да направи оптимистичка личност, а ведрите личности ги предизвикува да станаш уште по весели – покажа истражувањето објавено во списанието Journal of Personality. Ова особено важи во случајот на нервозните личности, кои неретко се непријателски расположени спрема другите.
Во студијата учествувале 245 парови, на возраст помеѓу 18-30 години. Истражувачите четири пати, во текот на девет месеци, биле испитувани за моменталните врски, со цел да го измерат нивното ниво на невротичност и песимизам. Резултатите покажале дека тие се драстично намалени кај поголемиот дел од испитаниците, а научниците заклучиле дека за тоа е виновна љубовта.

„Таа на луѓето им ја менува перцепцијата на гледање на светот, ги изоштрува позитивните мисли а ги намалува оние негативните. Така со тек на време почнуваат да го усвојуваат тој оптимистички поглед, кој се шири кон сите сфери, ја зголемува самодовербата и самопочитта“ – наведуваат извештаите од студијата.