Категории

Луѓето имаат потреба да го понижат и повредат оној кој вреди

Треба да сфатите дека животот е трнлив пат и дека секој гледа како да се издигне себеси над сѐ. Многумина ќе се обидуваат да ве повредат и понижат и така ќе се посомневате во својата вредност. Затоа треба да ја прочитате оваа приказна и да ја запомните за следниот пат кога ќе се најдете во слична ситуација.

Познатиот говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 20 долари. Во собата со 200 луѓе, запрашал: „Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?“ Почнале да дигаат раце. Поголемиот дел од луѓето ја сакале банкнотата. Потоа говорникот додал:

„Ќе ја дадам на некој од вас, но дозволете ми прво нешто да направам – ја згужвал банкнотата. Потоа прашал: „Кој ја сака и понатаму оваа банкнота?“ Сепак, рацете и понатаму останале дигнати во воздух. „Па“, продолжил: „Што ако го направам ова?“ И ја спуштил банкнотата на под и ја згазнал со чевелот.

Потоа ја земал од под, целата згужвана и валкана. „Има ли некој кој ја сака оваа банкнота?“ Сепак, рацете останале подигнати. „Пријатели мои, сите сега научивте една многу важна лекција. И без обзир што направив со парите, вие и понатаму ги сакавте, бидејќи тоа не ја намали нивната вредност.

Сѐ уште вредеа 20 долари и сѐ уште беа пари. Многу пати во нашиот живот сме прегазени, згужвани, паѓаме на земја во кал поради одлуките кои ги носиме и околностите кои се појавуваат на нашите животни патишта. Се чувствуваме како да сме безвредни.

Но, без обзир на тоа што се случило или што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Луѓето имаат желба да го понижат и навредат оној кој вреди. Вие сте посебни – и него заборавајте тоа никогаш! Верувајте во себе и во најлошиот момент и кога ќе паднете и кога ќе потклекнете. И кога другите ве мачкаат со кал – вие и понатаму вредите.