Категории

Луѓето ќе заборават што сте им кажале – Но никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат

За тоа каков човек сте не зборува дебелината на вашиот паричник, ниту пак за богатството на вашата картичка. Тие не зборуваат за вас или за титулите со кои се украсувате. Тие се нешта кои луѓето веднаш ги забораваат. Но, постои една работа што тие никогаш не ја забораваат. Не забораваат дали си бил покрај нив кога им требало, не ја забораваат твојата насмевка на твоето лице, убав збор, благ допир кога им требало само парче поддршка во тие моменти кога се преиспитувале дали да се откаже или да продолжи понатаму.

Ви кажуваат за емоциите што другите ги чувствувале кога сте биле во нивна близина, таа река на радост што се појавила во нивните срца кога ќе им пријдете. Немате поим колку една ситница може да промени нечиј живот, колку прекрасно може да биде денешниот ден кога ќе забележите нешто убаво на некоја личност и ќе му го покажете тоа. Почесто кажувајте им „благодарам“, барем за некоја банална работа. Почесто кажувајте „извини“. Неверојатно е колку ова може да го промени овој свет. Тоа е она кое кажува многу за тебе.

Прегледи:
416
Објавено на:
21.11.2021