Категории

Луѓето кои имаат тетоважи се одликуваат со две важни особини

Луѓето чии тела се украсени со тетоважи, реагираат почесто импулсивно и носат одлуки набрзина, се резултат на ново истражување.Економистите од Универзитетот Мекмастер во Канада ја спроведоа анализата во соработка со повеќе од 1.000 испитаници. Прегледани се 781 лице без тетоважи и 255 со тетоважи.

Претходните истражувања покажаа дека триесет и осум проценти од луѓето на возраст меѓу 18 и 29 години имаат барем една тетоважа. За да откријат дали процесите на размислување на луѓето варираат во однос на тоа дали тие имале тетоважи, истражувачите побарале од учесниците да играат игра, која обично ја користат за да ги проценат вештините за долгорочно планирање.

Повеќето од тетовираните испитаници веднаш избрале помала сума на краток рок, без можност за зголемување на приходот, додека оние без тетоважи генерално планирале долгорочно решение, со можност за зголемување на приходот.

Психологот Лузел Над, од Универзитетот во Јужна Африка, исто така спроведе посебно истражување зошто некои луѓе сакаат тетоважи.

Открила дека основната мотивација за тетовирање, кај 25 проценти од нив, била лична и дека за нив тетоважата има одредена интимна порака.

Дванаесет проценти од тетовираните луѓе го сториле тоа од „уметнички причини“, и приближно ист број, од културни и верски причини.

Прегледи:
631
Објавено на:
16.03.2021