Една од најубавите работи во пролет е цветањето на црешовите дрвја. Има посебна магија која ја носат овие розеви цветчиња, кои не тераат да ја сакаме пролета за степен повеќе.
Скопјаните уживаат во црешовите дрвја на улицата Максим Горки, нема човек кој не ја изодува оваа улица намерно во пролет, да впие барем грам од пролетната магија. Црешовите дрвја ги има низ целиот свет, а сите ја препознаваат нивната убавина која трае кратко. Јапонците во нивна чест имаат Sakura Matsuri или Фестивалот на расцветаните црешови дрвја. а ова се најубавите овогодинешни фотографии од расцветани јапонски црешови дрвја. Уживајте.