Категории

Магнезиум – Зошто е клучно неговото внесување во организмот кај сите луѓе?

Природно магнезиумот може да се пронајде во намирници како што се: бадемите, оревите, семките од тиква, сончогледот, лененото семе, овесните снегулки, авокадото, црното чоколадо, зелениот листовиден зеленчук, печурките, лососот, скушата и туната.

Едно од клучните нешта кое му е потребно на нашиот организам за правилно и здраво функционирање е магнезиумот.

Ако имате грчеви во мускулите, патите од чести главоболки и вртоглавици, имате лоша регулација на крвниот притисок и намалена отпорност на стрес, ве мачи несоница и хроничен умор и сте често раздразливи и анксиозни а ве погодува и интензивен пмс и болна меструација, сето тоа значи дека имате недостаток на магнезиум во вашиот организам.

Магнезиумот овозможува одвивање на повеќе од 300 биохемиски реакции а се наоѓа во коските, мускулите, други меки ткива и крвта. Заслужен е за правилно функционирање на нервниот систем, помага да го одржуваме имунитетот, го регулира крвниот притисок и спречува згрутчување на крвта, допринесува до намалување на уморот и има уште многу други бенефиции.

Иако е од исклучителна важност за сите луѓе од сите старосни граници, за количината на магнезиум во организмот особено треба да водат внимание трудниците и спортистите. Интензивните тренинзи и зголемената физичка активност предизвикуваат прекумерно потење со што се исфрлува магнезиум а тоа предизвикува вртоглавица, висок крвен притисок, мачнина и грчеви во мускулите, а неретко се одразува и на самиот перформанс и способноста за опоравување.

Струњаците докажаа дека холестеролот можеби и не е главниот виновник за кардиоваскуларните болести и дека не може да се игнорира фактот дека ниското ниво на магнезиум се поврзува со сите фактори и ризици на срцевите болести.

Кај дијабетичарите магнезиумот влијае врз разградувањето на глукоза што значително ја намалува резистенцијата на инсулин, а забележано е и дека овозможува метаболизирање на витаминот Д.

ХРАНА ВО КОЈА МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ МАГНЕЗИУМОТ:
Природно магнезиумот може да се пронајде во намирници како што се: бадемите, оревите, семките од тиква, сончогледот, лененото семе, овесните снегулки, авокадото, црното чоколадо, зелениот листовиден зеленчук, печурките, лососот, скушата и туната.

Прегледи:
618
Објавено на:
12.06.2020