Категории

Мајонез кој не дебелее: Можно е, а ова е рецептот!

Овие празници направете здрава верзија на мајонез и за своите најблиски пригответе француска салата која не дебелее.

Иако важи за нездрава намирница, мајонезот е речиси неизоставен додаток на секоја сендвичара и салата, а посебно за француската салата во која е главна состојка. Меѓутоа, ако внимавате на исхраната, веројатно ја избегнувате оваа намирница полна со маснотии. Сепак, тоа не значи дека треба да ја исфрлите од исхраната.

Имено, на интернет се достапни бројни рецепти за подготовка на здрава верзија на мајонез, а овде станува збор за мајонез кој се подготвува со индиски ореви, сончоглед, маслиново масло и други здрави намирници. Вкусот е магичен, а и не мора да се плашите од зголемување на килограмите и штетноста врз организмот бидејќи е потполно природен.

Состојки:

  • 2 лажички маслиново масло
  • 2/3 шолји сирови индиски ореви
  • 2/3 шолји семки од сончоглед
  • 3/4 лажички сол
  • 3/4 шолји ладна вода
  • оцет или лимонов сок (по желба)s
  • 1 урма
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сенф

Подготовка:

Сончогледот и индиските ореви оставете ги во вода преку ноќ, а наутро добро измијте ги и исцедете ги. Во блендер ставете ги останатите состојки и добро измешајте ги додека не добиете убава смеса. По желба прилагодете ја солта и киселоста и по потреба додадете уште вода.