Категории

Македонија е втората најевтина земја за живеење, поевтина е само Турција, а во Исланд животот е најскап!

Според последните податоци на Еуростат, Македонија е втора најевтина земја за живеење, а Исланд најскапа. Но, поради фактот што приходите во земјава се меѓу најниските во регионот, за граѓаните на Македонија животот е скап. 

Еуростат ги рангира државите според висината на основните трошоци за живеење, како храна, облека, домување, транспорт итн. Во Македонија, на пример, храната, пијалоците и тутунските производи се најевтини во Европа.

Приходите во земјава се меѓу најниските во регионот. Статистиката покажува дека просечната нето плата во Хрватска е речиси 900 евра, во Црна Гора просекот надминува 500 евра, додека просечните месечни примања во Македонија се околу 410 евра.

Според европската статистика, најскап е животот во Исланд, каде киријата, на пример, е околу 1.300 евра, но таму просечната плата изнесува 4.500 евра.