Македонија влезе во финалето на Евровизија по шест години пауза. Иако Тамара Тодевска настапи претпоследна, неизвесноста и нетрпението траеа кратко откако името на Македонија беше прочитано прво при објавување на резултатите.
Македонија ќе настапи во првата половина на финалето кое ќе се одржи в сабота во 21 часот. Откако ја направи цела Македонија горда и ѝ донесе пласман во финалето, Тамара се огласи на својот Фејсбук профил.