Просечниот век на жените во Македонија е 77,2 години и живеат 3,9 години подолго од мажите. Возраста на која стапуваат во брак е 26 години и одлучуваат да родат едно до две деца, покажуваат статистичките податоци.
Во 2014 години од вкупно 23.596 живородени деца, 48 проценти или 11.424 се женски, односно на 100 живородени женски деца се родени 106,5 машки. Најчесто име на живородените женски деца било Јана.
Во Македонија во 2014 година дипломирале повеќе жени од мажи. Податоците покажуваат дека 5.411 се дипломирани жени или 55,9 отсто од вкупниот број дипломирани студенти.
Од вработените жени чиј број изнесува 270.599, во приватниот сектор биле вработени 75 проценти. На цело работно време се вработени 95 проценти. Стапката на сиромашитија кај вработените жени изнесува 7,8 отсто и 35,7 отсто кај невработените.