Категории

Македонски планинари го документираа снежното невреме на Шар Планина (ВИДЕО)

Едни од најактивните македонски планинари, групата I love hiking – group Macedonia, минатиот викенд на 13ти ноември ја посетиле Шар Планина, со зацртана цел последна дестинација на качувањето да им е врвот Пирибег кој се наоѓа на 2.524 метри надморска височина. 

Планината е непредвидлива, некогаш те пречекува со пријатно време, а некогаш е многу сурова, во секој случај ја сакаме и почитуваме. Зимата ни се наближува, со неа доаѓа и снегот, секако прв доаѓа снегот на планините, а во ова видео е документирана можеби првата снежна бура за овој период од годината.

Како што раскажуваат во описот на видеото:

Есен а личи на зима. Ветерот е тој што ја прави целата таа ситуација на борење против големината на природата и неjзината суровост невозможна. Без него се ќе беше полесно, вака ние губевме.
Но човечки е да се обидеме, и затоа се обидовме, кој до каде му држеше психата. Некои се качија некои не, но со тоа не изгубија. Со тоа добија само едно чудно чувство на пораз, и тоа пораз од природата која всушност е победник уште пред да започне битката.

 

Прегледи:
531
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
17.11.2016