Македонскиот борач Бесир Алили се закити со златниот медал и стана европски шампион во категоријата слободен стил до 48 килограми, на континенталниот шампионат во Фиренца за учесници до 17 години.
Алили успеа да ги порази Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија), Лука Гугешашвили (Грузија) и од Хатрјун Ховханисјан (Ерменија) со 7-6 во финалето, на патот до златниот медал.