Категории

Македонското дуо Cyrillic има нов супер летен хит! (ВИДЕО)

„Break My Heart” е насловот на новиот супер сингл на македонската ЕДМ атракција Cyrillic која од неодамна е ексклузивец на Скај Ај Ентертејмент.

Се работи за модерна денс трака со моќни поп вокали во која суптилно е вградено, а истовремено силно изразено влијанието на источно европската сцена. Синглот е веќе достапен на сите светски дигитални музички платформи.

Песната доаѓа во пакет со лирик видео кое ја визуелизира целата нејзина енергија, но и енергијата
која Cyrillic ја шират на секој нивен настап. Лирик видеото е веќе онлајн и можете да го погледнете
на нивниот YouTube канал.

Со повеќе од 70 настапи низ клубовите и фестивалите ширум Македонија во последните шест месеци, електронското дуо во моментов е едно од најбараните клубски имиња во зејмата. Само пред една недела дуото ја загреваше атмосферата пред светскиот супер стар диџеј Robin Shulz на годинешното издание на “Ohrid Calling”, а беа хедлајнери на последната вечер на еден од најголемите фестивали на пивото на Балканот, прилепскиот „Пиво Фест“.

За Cyrillic

Електронското дуо Cyrillic го сочинуваат браќата Андреј (26) и Бојан (28) Иваноски. Како диџеи и
продуценти се активни од 2014 година кога започнаа со издавање на ремикси за популарни
македонски песни со кои го привлекоа вниманието на публиката. До сега имаат издадено повеќе
синглови како и неколку ремиксови за други артисти. Cyrillic се уште познати по нивниот уникатен
енергетичен лајф перформанс кој бувкално прави целата публика да игра со нив.

Следете ги Cyrillic Instagram, Facebook