Категории

Мали промени во испраната кои можат да ви донесат големи резултати

Зошто повеќе сакаме да и се предадеме на судбината, отколку да имаме волја да промениме нешто во нашите навики? За среќа, експертите веруваат дека никогаш не е доцна да започнете и да преземете мали чекори за подобрување на вашата здравствена состојба.

Поздрави навики за подобри резултати
* На почетокот на денот треба да појадувате „појак“. Ако не јадеме ништо или појадуваме лесно, доаѓаме во ситуација да го забавиме метаболизмот и да предизвикаме некои хормонални промени, кои само ќе нѐ натераат да се здебелиме.

* Не е добро ако сте решиле да исфрлите одредена група на намирници од исхраната, како што се јаглехидратите. На секое тело му е потребна храна од сите групи на храна, а едно од „горивата“ се јаглехидратите.

* Не ограничувајте ги калориите, туку контролирајте ги порциите. Ако вашите порции се големи, навикајте прво да ги преполовите. Најголем дел од храната во чинијата нека биде зеленчук.

* Долгите паузи помеѓу оброците може да доведат до скок на нивото на шеќер во крвта, што доведува до нарушувања во телото и посилно чувство на глад. Затоа, не заборавајте да вклучите две закуски помеѓу главните оброци, кои може да се состојат од едно овошје или неколку зрна јаткасти плодови.

* Една од најчестите грешки на дебелите луѓе е тоа што воопшто не јадат свеж зеленчук и овошје. А токму тоа се намирниците кои се важни за здравјето на организмот, но и за создавање ситост, бидејќи на тој начин нема да копнеете по „забранета“ храна. Дозволено е да се јаде 400 грама зеленчук и исто толку овошје дневно.

* Важно е да се користи храна од цели зрна во форма на консумирање леб, тестенини, ориз, како и млечни производи со малку маснотии кои се важни за здравјето. Посно месо или риба треба да се јаде два до четири пати неделно. Треба да се избегнува честото консумирање солени грицки, но можете да ги земате повремено и умерено.

* Препораката за диета која ќе придонесе за слабеење ги исклучува додадените шеќери, но треба да знаете дека уживањето во слаткиот вкус на, на пример, омилен пијалок може да постои, со користење на оние производи кои содржат нискокалорични засладувачи. Не го зголемуваат апетитот и тежината, но и вредноста на шеќерот и инсулинот во крвта.

* Најдете баланс помеѓу бројот на калории што ги внесувате и оние што треба да ги согорите. Ниту еден лек не може да ја замени физичката активност. Затоа е важно луѓето да заборават на седентарен начин на живот и во секојдневните активности да го вклучат барем пешачењето. Доколку некој сака да почне да вежба, но не е во добра форма, важно е да се консултира со експерт за одредување на видот на физичката активност, интензитетот, зачестеноста и времетраењето.

Прегледи:
442
Објавено на:
07.01.2022