Категории

Мали трикови за тропските ноќи: Еве како лесно да заспиете

Како што се зголемува температурата, така се зголемува и бројот на луѓето кои имаат проблеми со несоница.

Летото е период кој сите го сакаме, но тоа со себе носи и жешки ноќи поради кои многу луѓе не можат да заспијат. Како високата температура влијае на телото?

Дехидратација:

Внесувате доволно течности во текот на денот за да ја надоместите изгубената количина на вода.

Забрзано дишење:

Овој симптом може да биде особено отежнувачки фактор за луѓето кои имаат проблеми со срцето. Освен отежнато дишење, може да се јават и главоболка, гадење и изгореници на кожата.

Исцрпеност:

Се јавува кога телото почнува да губи течности. Затоа хидратацијата е многу важна.

Срцев удар:

Високата температура може да предизвика и срцев удар. Кога температурата на телото надминува 40 степени, постои ризик од срцев удар.

Еве како да го победите жешкото и загушливо време за полесно да заспиете:

Без преспивања во текот на денот

Поради жештината, може да се јави чувтсво на летаргија во текот на денот. Тоа се случува затоа што користиме повеќе енергија за да ја регулираме нашата внатрешна температура, па затоа ако спиењето ви е нарушено во текот на ноќта, трудете се да избегнувате преспивање во текот на денот.

Времето за спиење

Топлото време може да ве натера да промените некои од вашите навики, а тие навики можат да ви го нарушат сонот. Обидете се да не го менувате време кога си легнувате.

Основни чекори

Изладете ја просторијата колку што можете повеќе. Во текот на денот спуштете ги ролетните, за сончевите зраци да не можат да ви ја стоплат собата. Прозорците треба да се затворени за време на сончевиот дел од денот за да избегнете непотребно затоплување, но кога одите да спиете во вашата соба, отворете ги прозорците за да овозможите свежиот воздух да влезе во вашата спална соба.

Течности

Секогаш до себе имајте ладен напиток. Чаша вода пред спиење е доволно за да ја намалите телесната температура. Експертите советуваат дека пред спиење, сепак да не се преувеличува со внесот на течности, бидејќи тоа може да го отежне заспивањето.

Бидете смирени

Пред спиење би било добро да читате некоја книга, или некое списание, дури можете да напишете нешто. На овој начин, ќе се фокусирате и полесно ќе можете да заспиете.

Прегледи:
563
Објавено на:
27.07.2019