Доволно е само да го нагласите и можете да го заведете секој маж
Во истражувањето во кое учествуваа 50 мажи, научниците им покажаа фотографии од различни жени, со кармин и без него.
Во првите 10 секунди мажите го „фиксирале“ погледот на розевиот кармин, во просек од 6,7 секунди, додека на фотографиите каде дамите имале црвен кармин нивното внимание било задржано за 7,3 секунди.
Кога жената има кармин на усните, мажите најмалку внимание и посветувале на нејзината коса и очи а најмногу на нејзините усни.
Главниот автор на истражувањето, доктор Џеф Бејти вели дека студијата докажува дека усните претставуваат еден од најсензуалните делови од женското тело и играат клучна улога кога е во прашање сексуалната привлечност.