Категории

Мажите се поголеми лажговци од жените – Просечниот маж лаже шест пати дневно

Иако не учеле дека не е убаво да се лаже, факт е дека секојдневно се служиме со „мали“ лаги и тоа најчесто за да избегнеме некоја непријатна ситуација.

Вистината ослободува, вели една стара изрека – а спрема истражувањата просечниот маж лаже шест пати дневно. Поради што лажат мажите и околу ситници?

„Лагите на некој начин се составен дел од секоја врска, понекогаш ние се лажеме и самите себеси што е дел од некоја самозалажување или недоволно животно искуство но обично на некој прв состанок, на прв дејт мажите сакаат да се претстават себеси во некое подобро светло“, наведува терапевтот Николас Стоук.

Спрема зборовите на стручњаците, коренот на лагата е срам или чувство дека не сме постигнале доволно во животот.

„Понекогаш мажите лажат затоа што сакаат да избегнат непотребни кавги со нивното мислење па тогаш ќе кажат „ќе разговараме за тоа подоцна“ или ако жената му каже на мажот дека треба да се поправи тој смета дека тоа не е некој приоритет па вели следната недела а никако да дојде таа следна недела“.

Мажите се полоши во комуникацијата од жените но односите кои се градат врз лаги немаат перспектива и можат да имаат само деструктивни последици.

Прегледи:
699
Објавено на:
09.11.2020